Стипендиска програма на фондацијата Конрад Аденауер

Stipendiska-programa-na-fondacijata-Konrad-Adenauer.jpg

Стипендиска програма на фондацијата Конрад Аденауер

Традиционално Фондацијата Конрад Аденауер се со поддршка за талентираните студенти запишани на соодветна студиска програма на еден од универзитетите во Република Македонија (додипломски, постдипломски или докторски студи).

Покрај пропишаните услови и критериуми  од апликантите се очекува да имаат интерес и ангажман во политичкиот и/или општествен живот со цел понатака да бидат вклучени во сите  сфери на општеството: политиката, бизнисот,  науката, медиумите, културата и граѓанските организации.

Фондацијата Конрад Аденауер  со седишта во Берлин и Бон го носи името на првиот Федерален канцелар на Германија и  оперира со два образовни центри и 21 образовна институција во Германија имплементирајќи над 200 проекти во повеќе од 120 земји ширум светот. Притоа, низ светот, преку политичката едукација се промовира политичкиот дијалог заснован на принципите на слобода, правда и солидарност.

Рок за доставување апликации е 26 март 2018 година.

Повеќе: http://www.kas.de/mazedonien/mk/pages/6690/

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top