Стив Џобс: Една особина ги разликува успешните луѓе од сонувачите

stiv-gobss.jpg

Стив Џобс имаше несекојдневни високи очекувања. Тој ги предизвикуваше луѓето да рабоат понапорно, подолго и да постигнат повеќе. Некогаш дури и повеќе токолку што очекувале од себеси. Да речеме дека Џобс беше човек кој мислеше дека луѓето можат да дадат повеќе од себе. Но, исто така веруваше во моќта на молбата, пишува Inc.com.

„Не сум сретнал човек кој не сакал да ми помогне доколку сум побарал помош. Кога имав само 12 години му се јавив на Бил Хјулит (Hewlett Packard). Му кажав дека сум во средно училиште и сакам да направам мерач на фреквенција, па ако има некои резервни делови да ми даде. Тој се насмеа и ми ги даде резервните делови, а истото лето ме викна да работам во Hewlett-Packard“ изјави Џобс во една пригода.

„Секогаш кога ќе сум се јавел на телефон кај некого никој не ми спуштил слушалка. Повеќето луѓе никогаш не се јавуваат, никогаш не бараат ако им треба нешто, најчесто само сонуваат да направат нешто. Јас едноставно прашував што ми треба, а кога луѓето ќе побараат нешто од мене се трудам да им одговорам и да возвратам.“

Не секогаш е лесно да се побара помош затоа што тоа може да ве направи ранливи и несигурни. Но, тоа е одлично. Кога барате помош, без да претерувате со сериозноста на проблемот и едноставно речете „Може ли да ми помогнеш?“, се случуваат неколку моќни работи.

Вие така покажувате почит. Без, всушност, да кажете „Ти знаеш повеќе од мене?“ вие велите „Можеш да го направиш она што јас не можам, ти имаш искуство или талент кој го немам јас“. Исто како да сте рекле „Те почитувам“.

Покажувате и доверба, покажувате ранливост, признавате слабости и покажувате дека им верувате на другите со потребното знаење. Покажувате дека сакате да слушате. На тој начин велите „Не мора да ми го кажеш она што мислиш дека сакам да го слушнам. Кажи ми го тоа што треба да го направам“.

Кога покажувате почит и доверба во другите и им давате простор да го покажат своето искуство и знаење, не ја добивате само помошта што мислите дека ви треба туку помошта што навистина ви треба. И многу повеќе од тоа. А добиваат и другите затоа што се чувствуваат задоволни и горди бидејќи некој им укажал доверба и почит.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top