stiveng.jpg

Славниот писател Стивен Кинг го избриша неговиот профил на социјалната мрежа Facebook поради, како што објасни, лажните вести и нарушувањето на приватноста, пренесува CNN.

„Го напуштам Facebook, не ми е пријатно поради поплавата од лажни вести кои се дозволени во политичките рекламирања, а не сум уверен ни во неговата способност да ја заштити приватноста на корисниците. Следете ме на Twitter, ако сакате“, напиша Кинг на Twitter.

По неговата објава, профилот на Facebook беше избришан. Кинг досега има напишано 50 книги со научно-фантастична содржина и хорор жанр, а многу од нив се екранизирани во филмови и ТВ-серии.

Инаку, 72-годишниот писател е политички активен и многу отворен за тоа, особено јавно ги искажува неговите ставови за американскиот претседател Доналд Трамп. Но, кога станува збор за Facebook, изгледа не е баш обожавател ни на оваа социјална мрежа.

извор: Кајгана

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail