stomak.jpg

Наглите промени на температурата, индијанското лето кое овој период од годината го зафати регионот, неправилната исхрана и контакт со болни луѓе се главни причинители за вирусите кои овие недели се присутни во Македонија.

Овие денови најактуелен е стомачниот вирус кој ги наполни амбулантите ширум земјава.

Стомачниот вирус се пренесува преку заразена храна и пијалаци, контакт со заразено лице, како и преку валканите раце.

Според лекарите идеален избор на храна во оваа состојба се супите кои освен како внесување на течност во телото ги надокнадуваат изгубените електролити.

Тука спаѓаа и топлите благи чаеви, диеталната исхрана како и намерници кои ќе ви ја повратат енергијата во телото како што се соковите, јаболката и кексот.

Извор: Курир.мк

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail