Стопанска банка а.д Битола вработува информатичар

stopanska-banka-bitola.jpg

Стопанска банка а.д Битола за своите потреби, објавува

 

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

на двајца извршители на работното место информатичар во Сектор за организација и ИТ.

 

Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следните услови:

  • Универзитетско образование–Електротехнички факултет, Факултети за информатички технологии или Природно математички факултет (или сродно универзитетско образование);
  • задолжително 2 годишно работно искуство (1 година работно искуство во областа на банкарството се зема како предност);
  • Одлично познавање на англиски јазик;
  • Одлично познавање ИТ технологии, програмски јазици и развојни алатки.

 

Работни задачи и одговорности:

  • Подршка при масовни операции,
  • Тестирање на барањата за промени на аплиакциите,
  • Имплементација на промени во апликациите,
  • Анализa и подршка при проблеми со функционирањето на апликациите,
  • Прилагодување на функциите на апликациите,
  • Изготвување на упатствата на специфичните модули,
  • Изготвување на извештаи за потребите на службите,
  • Анализи на процесите за ефикасно извршување со помош на апликациите,
  • Работа на оперативни и организациски задачи,
  • Развој и одржување на апликациите,
  • Развој на стандардни процеси,
  • Организациски развој и дизајн,
  • Одржување на актуелноста и квалитетот на интернет-интранет страните,

 

Други вештини и особини на кандидатот:

  • Да управува со повеќе активности истовремено,
  • Да делегира приоритетни задачи и да предлага рокови за извршување,
  • Да одржува комуникација и односи со останатите Сектори/Служби,
  • Да покажува иницијативност во решавањето и да проценува по прашањата што се однесуваат на Службата,
  • Анализира проблеми, идентификува алтернативни решенија, предлага најдобри решенија и ги применува,
  • Организациски способности,
  • Креативност и комуникативност,
  • Способност за планирање и одлучување,
  • Возачка дозвола Б категорија.

 

Потребата за ангажирање на еден извршител на ова работно место се однесува за неопределно време со работно место во Скопје или Битола, работно време од 8 – 16 часот, со почетна месечна нето плата од 36.000,00 денари.

Заинтересираните кандидати да испратат мотивациско писмо и кратка биографија (CV) на македонски јазик (по можност со фотографија), во рок од 5 (пет) дена од денот на објавувањето на огласот на следната адреса: [email protected] со назнака во Subject „Информатичар“.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail