Стотици студенти во последните 5 години беа воодушевени од летните јазични курсеви на Малта

m1.jpg

ЈАЗИЧНИ КУРСЕВИ – ЛЕТО 2017 СО КОУЗОН

Стотици студенти во последните 5 години беа воодушевени од летните јазични курсеви на Коузон на Малта

Кристално чисто море, јазичен курс и нови познанства од целиот свет – Малта е летна дестинација каде се забавуваат и едуцираат илјадници млади луѓе од целиот свет !

Уживај на курс по англиски јазик во сончевата Малта – број еден локација за курсеви по англиски јазик на Медитеранот само со Коузон!

Одлична клима, опуштен менталитет и англиски јазик кој локално се употребува како службен јазик – што повеќе може да посакаш?

Живописните крајбрежни градови во кои се наоѓаат нашите јазични училиште најчесто се распределени на источниот брег на островот.

Малта е докажано одлично место за млади луѓе од цел свет да учат англиски јазик, а од пред неколку години на таа извонредна можност се приклучуваат и апликантите на Коузон.

Јазичните училишта со кои соработуваме освен едукација се грижат и за забавни моменти преку посебно организирани екскурзии и активности.

Најчесто еден возрасен работи со 15 студенти за поголема прегледност и уживањето и учењето да бидат со највисок квалитет.

Апликантите имаат целосно организирана програма за секој ден од нивниот престој и обезбедено сместување и полн пансион во текот на нивниот престој на Малта

Стотици апликанти во последните 10 години имаа можност со нас да ја почувствуваат убавината на учењето странски јазици и дружење со млади луѓе низ светот.

Ограничување за возраст,пол и ниво на познавање на странскиот јазик нема и можеме да ги примиме сите заинтересирани апликанти за ова лето.

Означуваме почеток на апликативниот период од 01.06.2017, за подетални информации испратете ни email на [email protected] или пак посетете не во нашите канцеларии.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail