uploads_thumbs_resize_800x420_388975.jpg

До сега странските студенти по дипломирањето можеа да останат уште само четири месеци, според правилото донесено од претходната премиерка Тереза Меј додека била министер за внатрешни работи.

,,Културниот и економскиот придонес на меѓународните студенти за нашата земја и универзитетите е важен. Нивното присуство е од корист за Велика Британија“, рече министерот за образование Гавин Вилијамсон.

„Нашите универзитети се стремат да бидат отворени глобални институции. Со воведувањето на визите за постдипломски студии, ние гарантираме дека нашиот престижен образовен сектор продолжува да ги привлекува најдобрите таленти од целиот свет кон глобална Велика Британија“, додаде тој.

Владата наведува дека новите правила ќе им овозможат на студентите да работат или да бараат работа со кое било ниво на вештина. Потоа, тие можат да се префрлат на виза за квалификуван работник доколку ја пронајдат работата за која се квалификувани.

Нема да има ограничување на бројот на студенти кои можат да аплицираат за визи по дипломирањето. Околу 450.000 странски студенти учат годишно во Британија.

Новите правила ќе започнат да се применуваат за студенти кои ќе се запишат на додипломски или постдипломски студии следната година на кој било од британските универзитети или други институции за високо образование.

„Се работи за време. Таа политика требаше да се смени пред многу време. Велика Британија мора да биде отворена за најдобрите таленти од целиот свет“, објави во твитот на министерот за финансии, Саид Јавид.

Овој потег не е широко прифатен, со оглед дека имиграцијата беше клучна за успехот на референдумот за излез од ЕУ во 2016 година.

Британската влада објави дека странските студенти ќе може да останат во земјата уште две години и да бараат вработување.

извор: канал5.ком.мк

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail