Страшна болест стигна на границата на Македонија – Истата веќе ги убива девојчињата во Србија

profimedia-0049996524-620x350.jpg

Повеќе од 10.000 девојчиња во Србија патат од анорексија, и тој број се зголемува од година во година, предупредуваат лекарите.

На удар на ова опасно пореметување најмногу се девојчињата, и младите жени од 12 до 25 години, кои во обидот да ослабат, доживуваат тешко пореметување во исхраната и нагол губиток на килограми со страшни последици по организмот и психата.

Педијатарот доктор Саша Миличевиќ вели дека најголемиот проблем е тоа што повеќето девојки, дури и кога болеста ќе земе замав одбива терапија не сакајќи да врати ниту еден килограм. Во тие ситуации анорексијата може да доведе и до смрт кај пациентката.

„Ретко кога се случува да родителите дојдат со ќерката која е на почетокот на развојот на заболувањето. Доколку се случи да биде во поодмината фаза, детето за неколку месеци ја преполовува килажата, насилно повраќа, што и да изеде, или испие, нервозна е, револтирана, во постојан конфликт со родителите, па со самото тоа одбива и секаков вид на помош.

Тогаш доаѓа најпрво до психичко пореметување, потоа оштетување на органите за варење, а 15% од девојките доаѓаат во фаза да се борат за живот“, изјави Милиевиќ.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail