Страшна промена на Фејсбук – Сега сите можат да знаат каде се наоѓате во секој момент (видео)

Facebook-Messenger-Whatsapp-2-620x350.jpg

Фејсбук денеска објави нова опција на привремено делење на локациите во Месенџер апликацијата. Новата опција ќе овозможи на пријателите и семејствата на Фејсбук во рок од еден час да следи каде се движите, пишува „The Verge“.

На корисниците им е оставен можноста за избор, односно да самите бираат на кој лица ќе им овозможат во реално време да го следат нивното движење.

„Корисниците ни рекоа дека следењето на локацијата во живо е многу корисна работа, кога се обидуваат да се нјадат со пријателите или сакаат да кажат колку се блиску на местото на кое треба да се најдат со некого“. порачуваат од Фејсбук.

Фејсбук до 2015 година нуди можност да автоматското делење на локацијата, но потоа таа опција е заменета со можноста за испраќањето на статични поединечни локации.

За да шерувате „live“ локацијата со пријателите потребно е да кликнете на икончето на стрелките кои и досега служеа за делење на локациите и потоа да ја изберете опцијата „Share Live Location“.

Фејсбук месенџерот исто така ја прикажува информацијата колку време е потребно да стигнете до пријателите со кои сте ја споделиле својата локација.

Погледнете го видеото:

Live Location in Messenger

Posted by Facebook on Sonntag, 26. März 2017

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail