antartik.jpg

Вила лас Естрељас е чилеанско село на Антарктикот. Станува збор за истражувачка станица и воена база која е оддалечена 1.000 километри од првата поголема болница, поради што е воведено правило дека може да се доселат и да живеат таму само оние кои немаат слепо црево.

Тоа правило важи и за научниците и воените лица кои во главно ја населуваат оваа база, но и нивните семејства. Во Лас Естрељас има само неколку лекари, но никој од нив не е хирург и нема кој да прави итни операции.

Од истата причина на жените не им се препорачува да забременат додека живеат во базата. Преку лето таму живеат 150 жители, а во зима таа бројка се преполовува. Куќите се направени во впечатливи бои како контраст на сивото и тмурно време кое тука е секојдневна појава.

Животот на Антарктикот не е лесен, а посебно во зима кога температурите се спуштаат на -50 степени Целзиусови поради што жителите некогаш и по неколку недели не смеат да излегуваат од дома.

Селото има мало училиште, пошта, банка, теретана па дури и руска православна црква и продавница на сувенири. Интересно е дека постои и хостел со 20-тина слободни места.

Комуникацијата со остатокот од светот ја одржуваат преку сателитски телефони, а во училиштата постојат само неколку компјутери со пристап на интернет.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail