Страшни прeдвидувања на еден од најпознатите метеоролози: Морето ќе не проголта, а на земјата нема да има место за човекот

Fedor-Mesinger-520x293.jpg

Еден од најпознатите светски метеоролози, академик Федор Месингер предупредува дека во иднина се можни катаклизми кои ќе бидат предизвикани од глобалното затоплување. Секое лето кое што ќе доаѓа според него, ќе биде потопло од минатото. Тоа значи дека во атмосферата ќе има повеќе водена пареа, па треба да се очекуваат сериозни летни горештини кои ќе бидат се почести, за разлика од оние пред десетина година.

Тропските циколни ќе бидат почести и посилни, што подразбира силни ветришта и грмотевици, молњи, град и дожд.

Академик Месингер (84) е доктор по метеоролошки науки, еден од 12-те „апостоли“ на светската метеорологија во областа на нумеричката прогноза.

Своето тврдење тој го засонва на фактот што последните три години биле премногу топли, секоја потопла од претходната, а тоа, според него, никогаш не се случило во последните 150 години.

– Климата се менува драматично брзо и тоа пред нашите очи. Набљудувањата покажуваат дека мразот се топи, а сателитите забележале како се смалува површината која е под мраз на Арктик. Во науката нема сомнеж дека се случува сериозно глобално затоплување. Но, за да знаеме што не очекува во иднина, треба да се знае или да се претпостави како се менува составот на атмосферата. А современиот човек, за жал, е првиот причинител на тие промени – вели академик Месингер.

– Доколку целата ситуација продолжи вака да се развива, не така далеку, некаде за 20-тина години, нивоата на светските океани ќе пораснат за 5 метри. Замислете што би значело тоа за човештвото, би останало без некои од најпознатите градови. Имаме две, максимум 3 децении за да промениме нешто, инаку морето ќе не проголта, а на земјата нема да има место за човекот, предупредува тој.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail