Страшно: Илјада луѓе годишно умираат во Скопје како последица на аерозагадувањето

skopje-zagadeno-d.jpg

Околу триеесет проценти од смртноста на населението во Македонија е како последица на аерозагадувањето – алармантни се податоците на Институтот за јавно здравје.

Заболувањата се особено во пораст во зимскиот период кога и загадувањето е големо, вели професорот Драган Ѓорѓев, кој беше дел од  научната конференција на Штуловиот Универзитет во Тетово.

Најголеми последици од аерозагадувањето има во градовите Тетово, Кичево, Битола и Скопје.

Се преттпоставува дека само во Скопје само од аерозагадувањето умираат околу илјада лица, а до 30 проценти од граѓаните на Скопје трпат последици од штетните ПМ10 честички

Во здружението “Еко свест” велат дека проблемот со аерозагадувањето е комплексен и потребна е заложба на сите институции и фактори, преку бројни краткорочни , но и долгорочни мерки.

Алармантните податоци и воопшто загрижувачката состојба со аерозагадувањето, мора да станат доминатна политика и главен приоритет на  државата. Околу проблемот треба веќе сериозно да се делува, а не само за ова да се зборува зимен период, кога загадувањето е најголемо, беше заклучено на научната конференција.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top