Струмичанката Данче Азманова победник на ораторската вечер организирана од Претседателот Иванов

dance-azmanova.jpg

Струмичанката Данче Азманова е годинашната победничка на ораторската вечер на Школата за Млади лидери која е иницијатива на Претседателот на Република Македонија, Ѓорги Иванов.

Вкупно 9 учесници на седмата по ред Школа за млади лидери беа дел од Ораторската вечер, што се одржа во Охрид, a Претседателот Иванов, денес лично ја додели пофалницата на Азманова.

dance-azmanova-2

Школата за млади лидери по седми пат се одржува во Охрид, од 14 до 26 август, на иницијатива на претседателот Иванов. Идејата на претседателот Иванов е да им се овозможи на младите талентирани и амбициозни луѓе од Македонија да ги надградуваат и усовршуваат своите вештини, да ја развиваат својата креативност и лидерски способности.

dance-azmanova-3

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail