Полиглотот од Македонија Александар Талески поминал повеќе од 4000 km, за да го продолжи своето образование на Државниот Универзитет во Перм. Сега Александар сам им предава на студентите, ги проучува рускиот јазик и фолклорните текстови.
Александар, освен македонскиот и рускиот, ги зборува и кинескиот и чешкиот јазик. Тој ја поминал речиси цела Европа, но образованието решил да го продолжи на магистратура на Филолошкиот факултет на универзитетот во Перм. Соработката меѓу факултетите од Скопје и Перм му дозволила да ја оствари својата желба – да ја запознае Русија и да го учи јазикот, на кој била напишана неговата омилена книга – „Тихиот Дон“.
На 4000 километри далеку од родниот град, Александар се чувствува пријатно.
„Пермјаните се многу гостопримливи, пријатни луѓе, сакаат да примаат гости. Во тоа Русите и Македонците се исти. Бев во Казањ и таму видов дека луѓето се „поладни“, отколку во Перм. И времето во лето е исто како кај мене дома – топло и сончево. Градот е многу зелен и убав, има многу паркови каде што можеш да одмориш“, ги изнесува своите впечатоци Александар.
Позитивни чувства кај него предизвикуваат и студентите од ПГНИУ (Пермскиот државен националниот истражувачки универзитет). Александар смета дека сите сфаќаат брзо и учат со задоволство. Филолошкиот факултет му дозволил на Александар да се занимава и со предавање –руските студенти да ги учи македонски, чешки и кинески јазик. Младиот професор претпочита часовите да ги поминува во форма на размена на искуство – да разговара за литературата, културата, културните споменици, да раскажува за историјата, за семејството и другарите.
„Студентите сакаат да разговараат, особено ако им покажуваш интерес. На часовите ние разговараме за меѓународни натпревари, за различни аспекти на светскиот културен развој, но никако политика. Секој сам ја определува својата позиција. На своите студенти им оставам слобода на избор, но за мене културата е поважна од политиката“ – забележува Александар.
Гостинот од Македонија чита многу, во тој случај и руска литература. Од другите хобија – гледа натпревари од фудбал, ракомет и свири на гитара.
„За него студентите велат дека е многу внимателен, весел, искрен човек, кој умее да ги заинтересира. Александар знае четири јазици и тоа е прекрасна шанса за студентите да разговараат токму со таков човек,“ – раскажува професорот од катедрата за новинарство и масовни комуникации од Филолошкиот факултет на Пермскиот Универзитет, Валериј Березин.
Во понатамошните планови Александар планира да стане магистер на ПГНИУ и да ги усовршува своите навики во предавањето. Порано тој се занимавал со второстепеното значење на личните заменки во македонскиот, рускиот и чешкиот јазик, а сега истражува една област од науката за јазикот, врз база на фолклорните текстови од тие три јазици.