masinski-660x330.jpg

Ташули Талески, студент на Машинскиот факултет во Скопје го освои првото место на Меѓународната студентска олимпијада за проектирање на технологии за обработка со обликување за 2019 година.

Ташули е студент од насоката Производно инженерство при Институтот за производно инженерство и менаџмент на Машинскиот факултет во Скопје.

Олимпијадата се организира од 2015-та година под покровителство на QuantorForm Ltd., производител на специјализиран софтвер за нумерички симулации за технологии на обработка со обликување. На натпреварот учествуваат над 40 универзитети со технички факултети на кои се изучуваат технологии за обработка со обликување.

Секоја година студентите-учесници добиваат задача, за готов производ да проектираат соодветна технологија и алат, и направат верификација на предложената технологија со компјутерска симулација на деформацијата на работното парче, користејќи го софтверот QForm. Оваа година, задачата беше реален проблем подготвен од германската компанија KB Schmiedetechnik.

Ташули Талески, под менторство на асистент м-р Огнен Тутески во конкуренција од 139 учесници од 14 различни земји го изработи најдоброто решение и го освои првото место на натпреварот.

Ташули Талески, под менторство на асистент м-р Огнен Тутески во конкуренција од 139 учесници од 14 различни земји го изработи најдоброто решение и го освои првото место на натпреварот.

Олимпијадата се реализира во исто време за сите учесници, и тоа во 2 фази:

Натпревар на национално ниво. Студентите од Македонија се натпреваруваат меѓу себе со цел да се избере победничкиот извештај кој се испраќа за интернационално оценување.

Натпревар на интернационално ниво. Сите победнички извештаи од државите кои учествуваат се испраќаат до интернационалната научна комисија за оценување составена од експерти од областа од 14 различни држави. Секој член на комисијата ги бира 3те најдобри извештаи кои соодветно добиваат бодови.

Институтот за производно инженерство и менаџмент со катедрата за технологии на обликување со пластични деформации, веќе 3 години се локални организатори на овој настан на кој учествуваат студенти од Машинскиот факултет во Скопје. Проектирањето на технологиите за обработка со обликување, конструкцијата на алатите и нумеричките анализи кои се неопходни за валидација на резултатите се опфатени во повеќе наставни предмети од студиските планови на Институтот и Катедрата. Студентите на Машинскиот факултет во изминативе три години учество на Олимпијадата, во голема конкуренција, заземале некое од првите три места. Во 2017-та првиот учесник, Благоја Несторовски, го освои второто место, Ане Китаноска во 2018-та година го освои третото место.

извор: бизнис вести

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail