Студенти измислија лажица која ја загрева храната

studentki1.jpg

Тим од студенти од Мексико креираа изум кој привлекува големо внимание. Станува збор за електронска лажица која ја загрева храната која сета ја нацрпиле во неа залак по залак. Тие се надеваат дека овој изум ќе им се најде на многумина кои често јадат додека патуваат.

PoliCuchara (PolySpoon) ја дизајнираа студенти како дел од нивниот курс Креативен развој на Националниот политехнички институт во Мексико и добија прва награда на националнито саем за иновации пред неколку дена. Овој изум веќе го патентираше Институтот.

Лажицата во дршката има 3 батерии од 9 волти и се загрева до 60 степени Целзиусови, што е доволно за да се загрее храната, но да не го повреди корисникот. Иновативниот прибор може да загрее супа, ориз, тестенини и секоја друга храна за исто време колку што ѝ треба на една микробранова печка.

Идејата ја добивме додека се возевме во метро во Мексико Сити. Многу луѓе кои патуваат од дома до работа си носат храна и јадат во автобус или метро, но доколку сакаат топол оброк ќе мора да го загреваат во микробранова на работа. Така, идејата за една термоелектрична лажица беше очигледна“, вели 15-годишната Марија Каудиѓо, најмладиот член од тимот.

Лажицата има само еден степен на загревање и корисниците можат да избираат дали ќе го греат секој залак поединечно или целиот оброк одеднаш. Батериите траат до еден месец доколку лажицата се употребува двапати дневно.

Со помош на колеџот и некои прoмени на лажицата, студентките се надеваат дека PolySpoon ќе се најде на мексиканскиот пазар до средината на 2017 година по 10 долари за парче.

(FoxNews)

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail