Студенти ќе се обучуваат од водечки извршни директори во Македонија

stopanska-komora.jpg

Младите кои се на додипломски, постдипломски или докторки студии , а се заинтересирани да се стекнат со практично искуство какво што не може да им понуди универзитетот, ама и да видат како тече работата на странките компании во земјава, од денеска до 5 Април имаа шанса да аплицираат на страната www fic. mk . Претседател на советот на странски инвеститори во Македонија Штефан Петар рече дека ќе бидат избрани 10 студенти кои ќе поминат по еден работен ден со пет водечки извршни директори, од компаниите „Комфи ангел“, „Арчелор митал“, „Пивара Скопје“, „Ван Хул“ и од „ЕВН” Македонија. Младите кои ќе конкурираат можат да бидат областа економија, човечки ресурси или администрација.

https://studenti.mk/konkursi-2018-2019/

-Тие ќе имаат можност да видат како изгледа еден ден на водечки извршен директор во Македонија. Ќе имаат можност да работат во реална ситуација во една компанија, да видат всушност како тече процесот на водење на една компанија. Со тоа ќе имаат можност да работата во реална ситуација и да се стекнат со практично искуство кое универзитетот каде моментално студираат не може да им го понуди. Од друга страна учеството на извршните директори во овој проект е доказ за нивната заложба и поддршка која сакаат да ја дадат на младите амбициозни луѓе во развојот на нивната кариера, изјавиШтефан Петар, претседател на Совет на странски инвеститори во Македонија.

Проектот „Ден со македонските водечки извршни директори” го реализира Совет на странските инвеститори во рамки на Стопанската комора на Македонија и Школата на млади водичи што е под покровителство на претседателот Ѓорге Иванов. Ако биде успешен проектот, ќе продолжи и следната година, а како што рече Штефан Петар со тоа за 10 години, сто студенти ќе се стекнат со меѓународно образование без да ја напуштат државата.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top