2-1.jpg

Тимот на Економскиот факултет: Ивана Арапова, Елена Арсова, Владимир Ричлиев и Марјан Димов, под менторство на проф. Елена Веселинова, постигна одличен резултат на елитниот натпревар за тргување на берзи „Rotman International Trading“, остварувајќи пласман меѓу најдобрите пет тимови, кои воедно добиваат признание и награди.

Високото петто место во конкуренција од повеќе од 40 земји учеснички од Европа е уште позначајно, затоа што не само Економски факултет и Универзитет „Гоце Делчев”, туку и Република Македонија за првпат учествуваше на ваков престижен натпревар за тргување на берзи кој има статус на европско првенство во својот домен.

Успехот е уште поголем, земајќи предвид дека многу престижни универзитети кои имаат завидна позиција на Шангајската листа останаа рангирани на листата под тимот на Економски факултет на Универзитет „Гоце Делчев

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail