59bff3ef15e9f922a307f5a4.jpg
Екипата на студените на постдипломски студии на Факултетот за информатика и кибернетика на Московскиот државен универзитет (МГУ) „DoubleA Team” го освои првото место на еден од најголемите меѓународни хакатони кој беше посветен на темата вештачка интелигенција и компјутерски вид за беспилотни летала VisionHack.

Овој специфичен „фестивал на хакирање” се одржа во Москва од 10 до 14 септември. Победничката екипа беше во состав: Андреј Бељаев, Александар Громов и Константин Софијук.

За три дена тие креираа интелигентен потсистем за помош на возачите кој овозможува возилото да се прилагодува на различни настани на патот.

Капитенот на тимот Андреј Бељаев објаснува дека неговата екипа применила метод на учење на невронските мрежи и дека затоа нивниот алгоритам покажал најдобри резултати во сите видови задачи, освен во случајот со лежечки полицаец.

Втората екипа студенти на МГУ „GMLvision” го зазеде третото место. Во натпреварувањето учествуваа и студенти од МИТ (Масачусетски технолошки институт), Универзитетот Аризона, Пекиншкиот научнотехнички универзитет, Универзитетот Кембриџ, Московскиот физичкотехнички институт, Националниот истражувачки технолошки универзитет на Русија и други. Победниците добија парична награда во износ од 12 илјади долари.

Хакатон е натпреварување во кое учесниците во групи за одредено време треба да решат конкретен практичен проблем во програмирање.

Домаќин на овој меѓународен настан беше универзитетот МИСиС во Москва, кој на следниов начин го оценува неговото значење: „Првпат, не само во Русија, туку и во светот, е одржан хакатон од оваа големина посветен на технологијата на компјутерскиот вид и беспилотниот сообраќај“.

извор: RUSSIA BEYOND

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail