slika-nagradi.jpg

Студенти од Факултетот за Информатика при Универзитетот „Гоце Делчев” во Штип, креираа веб решение која воспоставува меѓусебна конекција помеѓу субјектите институција-институција и институција-крводарители со што никогаш повеќе не би се појавило непосакувано сценарио во кое ќе има недостаток на одредена крвна група во некоја од здравствените институции.

Како работи „Капка живот”?

Примарната цел на „Капка живот” е никогаш да не се појави сценарио во која една здравствена институција би останала без залиха на одредена крвна група. Самата апликација им овозможува на вработените во болницата да имаат константен увид во сопствените залихи на крв па доколку се појави ситуација во која има намалена залиха на некоја крвна група, ќе ги извести за тие за навремено да реагираат.

Во случај на недостаток на одредена крвна група или пак во итни непредвидени случаеви на голема побарувачка на определна крвна група, „Капка живот” нуди брзи и ефикасни решенија во снабдувањето со крв на самата институција.

Во такви круцијални моменти, во кои една минута за некого може да значи живот, наместо да се започне со макотрпно телефонирање или пак по пат на јавни гласила и социјални мрежи да се прават очајни обиди да се дојде до бараната крвна група, самата болница односно здравствена институција со само неколку клика во реално време ќе може да ги провери залихите на соседните болници дали ја поседуваат бараната крвна група за потоа директно да воспостави комуникација со здравствената институција која ја поседува бараната крвна група и е најблиску до нив.

Во случај никоја од соседните здравствени институции да не ја поседуваат бараната крвна група, ја имаат во мала залиха, или пак е потребно повеќе време за нејзин трансфер, само со еден клик, автоматски „Капка живот” испраќа SMS пораки до таргетирана група на активни крводарители кои се наоѓаат во истата општина во која е потребна крвната група, кои ја поседуваат бараната крвна група и притоа поминал одреден временски период од нивното последно дарување.

Покрај ова, „Капка живот” е лесна и брза солуција за имплементација во пракса. Крводарителите немаат потреба од никаква регистрација во системот туку едноставно, при следното дарување на крв, самата институцијата во која крводарителот дарува ќе има за задача да ги внесе/ажурира неговите податоци во системот, постапка која не одзема повеќе време од 1 минута. На овој начин по само неколку крводарителски акции, „Капка живот” ќе располага со доволно огромна база на крводарители и ќе може лесно да биде ставена во реална функција.

Но бенефициите кои ги нуди оваа апликација на креативните студенти од Факултетот за информатика при УГД Штип, не завршуваат овде.

„Капка живот” нуди бројни функционалности и за самите крводарители. Тие во секое време ќе можат да го проверат својот крводарителски профил, да добиваат известувања за крводарителски настани, како и да прегледаат специфични информации од типот колку пати до сега имаат дарувано крв, кога последен пат имаат дарувано, кога и каде повторно ќе можат да даруваат, кои привилегии ги добиваат со статусот на крводарител и актуелниот број на дарувања, како и опција самите да си ги ажурираат своите контакт информации.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail