Студенти направија автобус што се движи на мравја киселина

studenti.jpg

Студенти од Холандија  дизајнираа автобус што се движи на мравја киселина.

“Ние го создадовме првиот автобус во светот што се движи благодарение на мравја киселина што е поевтино решение од водородот, а ги нуди истите еколошки придобивки“, вели Лукас ван Капелен од  компанијата „Team Fast“ на Технолошкиот универзитет Ајндховен во Холандија.

На проектот се ангажирани околу 40 студенти, а целта е да направат транспорт без емисија на штетни гасови, што ќе му помогне на светот во борбата против климатските промени.

Мравјата киселина ја испуштаат мравките и други инсекти, а оваа едноставна карбоксилна киселина (HCOOH) се користи во производство на текстил и кожа, како конзерванс за добиточна храна и во средства за отстранување на бигор.откри дека оваа киселина може ефикасно да ги носи состојките потребни за водородните горивни ќелии коишто се користат за напојување на електрични возила.

Киселината е во течна состојба и може лесно да се транспортира, а за разликата од другите горива е поеколошка.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail