Студенти направиле лек за сида за 20 долари, а неговата фармацевтска компанија го продавала за 110.000!

MARTIN-1.jpg

Група австралиски средношколци го надмудрила еден од најомразените луѓе на светот, Мартин Шкрели.

Шкрели предизвикал згрозување кај целиот свет кога мината година неговата компанија “Turing Pharmaceuticals” го купила лекот “Дараприм”, кој веќе 63 години се користи за лечење на сида и маларија, и потоа ја зголемил цената за шокантни 5.000 проценти, од 13,50 на 750 долари.

Тој потег на компанијата на пациентите им ја зголемил годишната цена за лечење за стотици илјади долари и де факто ги осудил на смрт. Но, сега средношколците од Сиднеј, сите на возраст од 17 години, во школската лабораторија синтетизирале “пириметамин”, што е генеричко име за “Дараприм”, за трошок од само 20 долари. Попрецизно, тие за тие 20 долари произвеле 3,7 грама “пириментамин”, што во САД би чинело 110.000 долари.

“Воопшто не ни беше тешко да го направиме тоа, но во тоа целта, бидејќи сме средношколци”, рекол еден од овие млади генијалци, Чарлс Џејмсон.

Во повеќето држави од светот таблета “пириметамин” чини 1,5 долари, речиси 8 пати помалку од иницијалната цена на лекот “Дараприм” во САД, пред Шкрели да ја крене цената на неверојатно 750 долари за таблета. Средношколците од Австралија затоа го направиле тоа што го направиле, со цел да покажат колку се “напумпани” цените на лековите во САД, каде фармацевтската индустрија и осигурителните компании прават огромен профит на сметка на болните и често очајни луѓе.

“Тоа е целосно неоправдано. Тоа е лек кој спасува живот, но многу луѓе не можат да си го дозволат”, рекол еден од средношколците, Џејмс Вуд.

Тоа очигледно не го мислел и Шкрели, 33-годишен основач и главен директор на “Turing”, инаку син на имигранти од Хрватска и Албанија, кој при астрономското кревање на цената на лекот рекол дека тој се користи толку ретко што зголемувањето на цената одвај ќе се почувствува во здравствениот систем.

Во меѓувреме “Turing” ја намалил цената на лекот, иако ни блиску до меѓународната цена, а Шкрели бил уапсен во декември минатата година под обвинение за измама. Неговото судење е закажано за 26. јуни 2017.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail