Студенти од Бизнис администрација следеа предавање во НБРМ

774bb955a81e24ffe3f4f5e23f5de178_XL.jpg

Во рамките на реализацијата на практичниот дел од програмата за предметите на Факултетот за туризам и бизнис логистика, студенти од насоката Бизнис администрација имаа можност да се запознаат со дел од активностите на Народна банка на Република Македонија.

Студентите од II и III година на насоката Бизнис администрација беа во посета на Народна банка на Република Македонија, а целта беше присуство на предавање од г-ѓа Весна Филиповска и г-ѓа Весна Кондратенко на тема „Процесот на планирање во НБРМ и подготвување финансиски план и план на инвестиции на НБРМ“. Предавањето беше во рамки на предметната програма по предметот Деловно планирање кај проф. д-р Билјана Петревска.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail