Студенти од Европа пристигнаа на Еразмус размена на УГД

606c25c475d87517492ef06221495e02_XL.jpg

Студенти од Италија, Полска, Словачка и Бугарија вчера се сретнаа со дел од студентите на УГД со цел да се запознаат и да им посакаат добредојде во Македонија. Станува збор за студенти кои се овде како резултат на програмата Еразмус плус, која функционира на УГД веќе подолго време.

Вчера Еразмус студентите имаа ориентационен состанок со колегите од Штип и со претставниците од Канцеларијата за меѓууниверзитетска соработка на УГД. Најголем дел од овие студенти студираат економија, филолологија, информатика и медицина. Во рамките на програмата Еразмус плус тие ќе бидат овде во наредните четири месеци.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail