Педесетина студенти од Фармацевтскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј од
Скопје, беа во посета на првата фабрика за одгледување и производство на екстракти од коноп
во Македонија, НЈСК ХОЛДИНГ. Посетата е резултат на потпишаниот меморандум за
соработка меѓу НЈСК ХОЛДИНГ и Фармацевтскиот Факултет. Студентите имаа ексклузивна
можност во пошироки рамки да се запознаат со одгледувањето на медицинскиот коноп.

Element PR
Процесот на одгледување на растението Канабис за производство на екстракти од коноп е
исклучително сложен и бара исполнување на строго дефинирани услови и амбиент. Посетата и
запознавањето со производната постапка им дава можност на идните фармацевти да бидат
целосно информирани со целокупниот технолошки процес на одгледување на растението
Канабис, како и за значењето од вклучувањето на медицинскиот коноп како дополнителна
терапија на стандардната, за лекување одредени болести.

Studenti od Farmacevtskiot fakultet vo poseta na NYSK
Земено предвид дека бербата на растението Канабис одгледано во Македонија е завршена,
екстрактите од медицински коноп произведени во НЈСК ХОЛДИНГ наскоро ќе се најдат во
аптеките на домашниот пазар. За високиот квалитет на производите се грижи тим од искусни
специјалисти во својата област, користејќи ја врвната технологија што е имплементирана во
компанијата НЈСК ХОЛДИНГ. Во Македонија во моментов е дозволена употреба на екстракти
од медицински коноп за третирање четири болести, малигни заболувања, ХИВ, мултиплекс
склероза и епилепсија.

NYSK Holding