Студенти од штипскиот универзитет со етно-културен настан против двојазичноста и промена на името

studenti-2.jpg

Студенти од Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип на 30 март во 18 часот на плоштадот „Слобода“ во Штип ќе одржат студентскa етно-културна манифестација против двојазичноста и промената на името.

https://studenti.mk/konkursi-2018-2019/

„Овој настан е целосно непартиски и студентите се оградуваат од политичките партии и сите останати здруженија. Оваа манифестација е организирана од студенти од сите универзитети од Република Македонија. Исто така, овој настан ќе биде и мултикултурен, а на присутните ќе им се обратат и припадници на помалите етнички заедници, кои ќе го искажат своето незадоволство од двојазичноста. На настанот ќе биде упатена јасна порака дека младите не прифаќаат промена на името Македонија и дека младите се тие кои треба да одлучуваат за иднината на оваа земја, а не политичарите“, се вели во најавата за настанот.

Исто така, се вели во најавата, студентите на УГД ги повикуваат Зоран Заев, Христијан Мицкоски и Али Ахмети да дојдат на дебата во Штип и јавно да одговараат на прашањата од студентите. Студентите порачуваат дека државата останува во рацете на младите, а не на политичарите и затоа бараат политичарите да не ја уништуваат нивната иднина преку промената на името и воведување двојазична држава.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top