Студенти од УЈИЕ присуствуваа на предавањето на високиот претставник на ЕУ Федерика Могерини

picture1508.png

Gрупа студенти од Универзитетот на Југоисточна Европа присуствуваа на предавањето на високиот претставник за надворешни работи и безбедност на ЕУ Федерика Могерини . Во придружба ан студентите беа и нивните професори Бесник Фетаи, Гадаф Реџепи и Агрон Чауши.

 

Предавањето на Могерини се одржа по неколкуте состаноци кои таа ги имаше со државните лидери и лидерите на политичките партии во Македонија. Предавањето беше фокусирано на тековната политичка состојба во Македонија, но исто така таа се осврна и на неколку работи од регионален и меѓународен интерес.

На состанокот со Могерини, студентите поставуваа многу прашања за можноста Македонија да стане дел од Европската Унија и таа ги предизвика студентите да бидат вклучени колку што е можно повеќе во проектите на Европската унија.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail