Студенти, организирајте го времето за учење!

1676352_MAR_8644s.jpg

Пред почетокот на студиската година, новите, но и студентите од повисоките академски години, треба добро да го испланираат своето време за учење, што ќе вроди со позитивен резултат на крајот од академската година.
За таа цел, ви даваме неколку корисни совети за тоа како да го организирате вашето време за учење.

  1. Дајте си доволно време за учење

Не оставајте ништо за последната минута. Иако често се практикува оваа техника на учење пред испит или колоквиум, сепак не е добар избор. Направете план и распоред за учење. Доколку не сте сигурни за тоа како да направите баланс во времето за учење, консултирајте се со вашите колеги од повисоките години. Дел од колегите кои не ги познавате лично можете да ги контактирате преку социјалните страници на УГД, www.facebook.com/ugdstip и www.twitter.com/ugdstip

  1. Организирајте го вашиот простор за учење

Психолозите препорачуваат учењето, по можност, секогаш да се одвива во едно определено катче. Катчето за учење треба да биде тивко, светло, доволно просторно, чисто и добро организирано.

Универзитетската библиотека на УГД има своја читална во која студентите можат да се изолираат и да учат без дистракции од околината.

  1. Објаснувајте им на другите

Објаснувајќи им ги на другите поимите со кои се среќавате во вашите учебни помагала, ги совладувате подобро. Овој трик ќе ви помогне подобро да ги разберете проблематичните точки, а можеби и да добиете совет кој ќе ве поттикне да размислувате за нив од поинаков агол.

  1. Организирајте групи за учење

Сретнете се со вашите колеги за заедничко учење. На овој начин, ќе се надополнувате еден со друг и сигурно ќе постигнете подобри резултати. Внимавајте средбата да помине со фокусот на учењето.

  1. Правете паузи

Повеќечасовното учење најчесто е контрапродуктивно. Правете паузи на неколку часа, ова ќе ви го избистри мозокот и ќе го подготви за следната епизода на учење.

  1. Консумирајте здрава храна и многу вода!

Храната што ја подобрува работата на мозокот, како риба, зрнесто овошје, јогурт и житарки е одличен избор во вашите студентски денови. Не заборавајте ги и осумте чаши вода кои задолжително морате да ги испиете во прилог на подобра концентрација и хидратација на вашиот организам.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail