Студенти по современ танц од УГД ќе прикажуваат претстави онлајн

e5a7ca3d1b9367d321544f663b586abb_XL.jpg

Скопје танцовиот театар од денес секој ден со почеток во 18 30 часот, ќе започне со бесплатно емитување на претстави во сопствена продукција, од архивата со која располага, со цел да допре до публиката и сите љубители на танцот. Емитувањата ќе бидат преку Јутјуб каналот на Skopje Dance Theater.

Во претставите се вклучени и студентите од студиската програма Современ танц на Филмската академија на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип.

Ние, од Катедрата за современ танц, се организиравме и сме во секојдневна комуникација со студентите. Со трета година работиме на додипломските тези, кои ќе ги напишат во овој период. Со сите ќе започнеме онлајн часови, колку што е можно во домашни услови, со оглед на тоа дека нашата работа бара простор, вели професорката Рисима Рисимкин од кадетрадата по современ танц на УГД.

Веќе речиси сите факултети на Универзитетот „Гоце Делчев“ почнаа со изведување на настава онлајн.

Линк: https://www.youtube.com/channel/UC8SohKqUEo-4qlSHocdOMCA/featured.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail