Студенти пред кривичниот суд ќе делат материјали за бесплатна правна помош

krivicen-sud.jpg

По повод одбележување на Европскиот ден на правдата, Коалицијата Маргини и Здружението ЕСЕ организираат јавен настан за подигнување на јавната свесност за пристап до правда. Настанот ќе се одржи со почеток од 10 часот на платото пред Основен кривичен суд Скопје.

Обезбедувањето пристап до правда за граѓаните е основен предуслов за економски и социјален развој на нашето општество. Оддржливите развојни цели на ОН го нагласуваат пристапот до правда како основно човеково право чие остварување директно придонесува за целосна реализација на другите човекови права на граѓаните. Затоа неопходно е надлежните институции да обезбедат помош и поддршка со цел олеснување на пристапот до правда за ранливите групи граѓани, велат организаторите.

На настанот, студенти од Правната клиника при Правниот факултет „Јустинијан Први“ ќе промовираат пораки за правото на бесплатна правна помош кон граѓаните. Пораките од промотивните лифлети се сублимирани од Анализата за спроведување на цел 16.3 како дел од Мрежната стратегија за правно зајакнување, меѓународна иницијатива на Фондациите Отворено општество и Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail