Студентите ги претставија своите факултети пред средношколците

a98e5d15b6934ee6e4f147612d8131a6_XL.jpg

Студентите на Универзитетот „Гоце Делчев“ на денот на УГД – 27 март на штандови ги претставија своите факултети пред средношколците и јавноста.

Настанот се одржа на платотo пред Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип. Сите 12 факултети и 3 академии се претставија со дел од својата работа и активности. Студентите на штандовите ги изложија своите достигнувања, награди, производи кои ги имаат изработено и ги претставија пред јавноста. Средношколците и јавноста најмногу се интересираа за можностите што им се нудат и за студиските програми. Универзитетската телевизија го посети секој штанд и ги прашавме студентите за тоа што нуди нивниот факултет.

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail