Screenshot_3-2.jpg

Тим од професори и студенти од деветти семестар на Архитектонскиот факултет при УКИМ, изминатиов период вредно работеа на утврдување на архитектонските потенцијали на Кратово. Како резултат на нивната работа, произлегоа десеттина проекти, односно визионерски погледи на младите архитекти како би требало да изгледа Кратово во иднина. Современи наколни живеалишта, зелени оази, уметнички квартови, беа дел од визиите на младите архитекти, алудирајќи дека на Кратово не му е потребен класичен масовен туризам, туку специфичен вид туризам.

-На Кратово му е потребен еден друг вид на туризам. Кратово го има тој потенцијал, особено со богатството како вулканско поднебје, геолошки наоѓалишта, подземни тунели. Некои од проектите сакаат токму таа констатација да ја потврдат – истакна професор Дивна Пенчиќ од Архитектонскиот факултет.
За овие прекрасни проекти да се преточат во дело, потребни се пари, а тоа е главниот проблем на малите општини со мали буџети.

-Може Општината полека да почне да си создава фонд. Оној тип на финансирање како чекаме од Владата или министерството да даде пари, веќе не функционира. Мора да се бараат нови начини на финансисрање на проектите – истакна Пенчиќ.

Инаку, Кратово беше еден од петте градови во земјава во кои идните архитекти ги изложија своите визии.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail