Студентите ќе полудат по неа – Откриена нова дрога која ги прави попаметни

student.jpg

Модафинил е дрога која има докажано дејство на зголемување на когнитивните функции и затоа стана хит меѓу студентите во Велика Британија. Иако на почетокот бил користен за нарколептичарите (луѓето кои имаат проблем со спиеењето) многу се сложуваат дека има е еден куп други функции.

Модафинилот станува најпопуларен меѓу студентите кои како што тврдат поради овие супстанции успешно ги полагаат испитите. Иако постојат и други дроги за кои некои тврдат дека ги прават попаметни, модафинилот има докажано дејство бидејќи неговиот состав и дејство го имаат истражувано и го имаат потврдено и научниците од медицинските факултети на Универзитетите во Оксфрд и Харвард.

Интересно е и тоа дека веднаш по консумирањето, колку е покомплицирана задачата што треба да ја решите, толку ќе биде и ефектот поголем.

Најважно е и тоа дека во над 70 проценти од лицата кои ја користеле оваа супстанца немале несакани ефекти. Само некои испитаници имале инсомнија, главоболка, болки во стомакот и мачнина, но такви симптоми имале и оние кои никогаш не ја консумирале оваа дрога.

Научниците се решени да го означат Модафинилот како прва дрога која ги подбрува интелектуалните способности кај корисниците. Сепак тука се јавуваат еден куп здравстевни и етички прашања.

Како на пример, што би се случило со личноста која би ја користела дрогата секој ден? Дали е во ред ваквиот вид на дрога да ја користат лицата со намалена интелектуална способност.

Модафинилот е вистински пример на дрога која би можела да помогне во спремањето на испитите, изјавува Гај Гудвин, претседател на Европскиот колеџ за Неуропсихофармакологија

Во обединетото кралство Велика Британија.

Исто како и бодибилдерите и спортистите кои користат разни производи за да ги подобрат своите физички предиспозиции, некои би можеле да го направаат истото за да го подобрат функционирањето на мозокот. Мозокот сепак не е бицепс. Многу би можеле да се сетат на Бреди Купер и филмот Лимитлес во кој тој зема слична дрога која на неверојатен начин му ги подобрува когнитивните способност но тој филм е полно со заблуди предупредуваат експертите.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail