Студентите на ФДЕИОН во посета на Народната банка на Република Македонија

18261665_120332000567531374_1501376320_o.jpg

Студентите на Факултетот за деловна економија и организациони науки при УАКС, кои посетуваат настава по предметот “Монетарна економија“, со предметниот наставник, проф. д-р Томе Неновски, ја посетија Народната банка на Република Македонија (НБРМ).Во рамки на посетата, тие слушаа предавања за поставеноста и начинот на спроведување на монетарната политика на НБРМ, начинот на управување со државните девизни резерви и ивршувањето и контролата на платните системи.

Студентите ги посетија и Трезорот на НБРМ, ковачницата на метални пари и музејот на НБРМ. На тој начин, студентите подобро се запознаа со оперативните аспекти на монетарната политика во РМ и добија практична претстава за функционирањето на НБРМ.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail