Студентите на ФТБЛ добија признанија за учество на Саем за храна во Крушево

studenti.jpg

Студенти од Факултетот за туризам и бизнис логистика учествуваа на Саемот за храна што се одржа на 28 септември во Крушево.

Саемот на храна беше во организација на СОУ „Наум Наумовски-Борче“ и Општина Крушево, а на отворањето присуствуваа градоначалникот на Општината, како и посетители и гости од земјава. Манифестацијата се одржа на градскиот плоштад, каде што на специјално поставени штандови беа презентирани јадењата од страна на учесниците.

На манифестацијата учествуваа студенти од факултетите за туризам и угостителство и ученици од средните туристичко-угостителски училишта од Република Македонија, а како членови на жирито за оцена во натпреварувачкиот дел беа професори и експерти од кулинарската област од нашата земја.Студентите од ФТБЛ си ги одмерија силите во конкуренција на седум образовни институции од областа на угостителството и туризмот: СОУ „Коле Нехтенин“ – Штип, СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија, СОУ „Митко Пенџуклиски“ – Кратово, СОУ „Коле Неделковски“ – Велес, СОУ „Моша Пијаде“ – Тетово и СОУ „Лазар Танев“ – Скопје, како и училиштето „Золнај Јалнош“ – Унгарија. Студентите за учеството на натпреварот добија благодарници за подготовка на „Традиционална трпеза“, подготвувајќи јадења од Источниот регион. Студентите на овој натпревар беа менторирани од страна на професорите Никола Димитров и Нако Ташков.Овој натпревар, во организација на СОУ „Наум Наумовски-Борче“ и Општина Крушево, претставува презентација на гастрономската понуда на нашата земја и промоција на гастрономскиот туризам пред посетителите.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail