Студентите на медицина со акција „Здравје за сите“ за Денот на УГД

c71be6c6d86a2e5631c652e7f756efae_XL.jpg

По повод Денот на УГД – 27 март и 12 години Универзитет „Гоце Делчев” – Штип, во среда (27.3.2019 година) Студентската организација при Факултетот за медицински науки ќе спроведе акција „Здравје за сите“, која опфаќа бесплатно мерење на крвен притисок и шеќер во крвта и добивање на совети за чување и унапредување на здравјето.

Акцијата ќе се спроведе на следниве локации во Штип:

– Плоштад
– Факултет за образовни науки (стар Ректорат)
– Трговски центар
– населба Сењак (Кам маркет)
– Туш маркет
– НАМА – Штип.

Студентите на Факултетот за медицински науки со акцијата ќе започнат во 9 часот.

„Тимовите на млади лекари Ве очекуваат да го проверат Вашето здравје и да споделат корисни совети за здрав живот со Вас”.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail