Студентите на УГД ќе можат да одат на размена на нови 116 универзитети во Европа

Центарот за меѓууниверзитетска соработка на УГД годинава воспостави нови 116 соработки со универзитети од цела Европа. Ова претставува поголема можност за студентите на УГД да заминат на Еразмус размена или на друг вид на размена во универзитети. Со ова им се зголемуваат можностите за избор на студентите, а и на вработените од УГД со цел да се зголеми и можноста за научни истражувања.

Повеќе детали за тоа што сѐ овозможуваат овие нови соработки од интервјуто со Сања Стефанова, раководител на Центарот за меѓууниверзитетска соработка на УГД.
Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail