Студентите од Европа го избираат УЈИЕ за студии во рамки на програмата Еразмус +

picture1551.png

Меѓународните студенти го избираат Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) да ги продолжат студиите во рамките на програмата за размена Еразмус +, преку која студентите имаат можност да студираат на Европските партнер – универзитети.

 

УЈИЕ од самиот почеток посвети важност на интернационализацијата преку соработка со универзитетите од САД и од ЕУ. Во овој контекст, универзитетот во својата развојна стратегија ја истакна потребата од креирање заеднички студиски програми, креирање мрежи со кои на студентите и на наставниот кадар ќе им се овозможи мобилност и размена на искуства во рамките на европските универзитети. Ова на Универзитетот е достигнато благодарение на европските јазици.

Федерика Торта, студент на Правниот факултет на Универзитетот во Болоеа –Италија, не случајно го избра Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово за да ги продолжи студиите во рамките на програмата Еразмус +. Таа вели дека на УЈИЕ таа стекнала многу добро искуство и ги совладала и теоријата и практиката, првенствено имајќи ги предвид студиските програми на странски јазик, особено оние на англиски, и меѓународните професори како ретка можност во регионов која се нуди на кампусот на УЈИЕ .

„Ова беше добро искуство бидејќи немав само можност да совладам теорија туку и практика. На Универзитетот на Југоисточна Европа може да научиш повеќе отколку на другите универзитети“, рече Федерика Торта.

Покрај Федерика многу други студенти ги продолжија студиите на УЈИЕ. Студентите Леа Фришо, Агата де ла Русо од Франција и Елена Ружиќ и Звонимир Јардас од Хрватска го следеше летниот семестар од академската2015/2016 година на Факултетот за јавна администрација и политички науки, додека шведскиот студент Викторија Кнустон го следеше летниот семестар од академската 2015/2016 и зимскиот семестар од академската 2016/17 година на Факултетот за бизнис и економија.

Во рамките на програмата Еразмус +, до сега десеттина студенти од земјите како Италија, Франција, Шведска, Шпанија и Хрватска го избраа Универзитетот на Југоисточна Европа за следење еден семестар, бидејќи велат дека овој Универзитет е поблизок до европскиот модел на универзитети и дека овој Универзитет ги има сите услови кои се потребни во рамките на програмата Еразмус +.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail