Студентите oд Факултетот oа Туризам на УTМС нс наставно-научен практикум во Источна Македонија

9c4b682cf1a9a7a403cda4b2157151c7_XL.jpg

Во рамките на планираните практикуми студентите од Факултетот за туризам, предводени од професори и асистенти реализираа наставно-научен практикум во Источна Македонија. Во текот на тродневното патување тие ја посетија Архиепископската црква „Св. Никола“ во Штип, музејот „Теракота“ во Виница, градскиот музеј и манастирот „Св. Архангел Михаил“ во Берово.

За време на посетата имаа можност да видат дел од етно-социјалните и културно-историските вредности на овие топоними. Според планираните активности го посетија локалитетот „Рамна Река“, водопадите во близина на Пехчево и Беровското езеро. Практикумот беше завршен со посета на винаријата „Далвина“ каде имаа можност да дегустираат вина и да присуствуваат на меѓународниот гастрономски натпревар „Гастромак Македонија 2017“ во Струмица.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top