Студентите од Факултетот за правни науки при УАКС освоија прво и трето место на натпревар по ораторство по повод одбележување на Денот на Европа

QLS-photo-1.jpg

Горди сме на студентките Мила Крекиќ, Ѕена Анастасова и Теодора Атанасова од Факултетот за правнни науки при Универзитет Американ Колеџ Скопје кои освоија прво и трето место на натпреварот по ораторство, организиран по повод одбележување на Денот на Европа.

Натпреварот во организација на Европското движење во Република Македонија во соработка со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Фондацијата „Конрад Аденауер“ и Делегацијата на ЕУ во РМ  се одржа на 5 мај 2017 година, во просториите на Филозофскиот факултет во Скопје.

По повод одбележувањето на 9 мај, Денот на Европа, Европското движење во Република Македонија на 5 мај 2017 година организираше Собир на студенти во кој учествуваа студенти од речиси сите универзитети во РМ.

Поздравни обраќања имаа д-р Арбер Адеми, Потпретседател на Владата на Република Македонија и проф. д-р Милева Ѓуровска од Европското движење во Република Македонија.

Студентската дебата на тема: „Европската Унија: Задолжителна или алтернативна опција за студентите?” ја модерираа проф. д-р Јадранка Мршиќ од Универзитетот Американ Колеџ Скопје и доц. д-р Македонка Радуловиќ од Филозофскиот Факултет – Скопје.

Студентките Мила Крекиќ, Ѕена Анастасова и Теодора Атанасова дадоа свој придонес во студентската дебата и одлично се покажаа на натпреварот по ораторство на тема: „Колку добро ја познаваме ЕУ?“, притоа освојувајќи две награди за прво и трето месгто.

Студентките ги подготвуваа деканот на Факултетот за правни науки при УАКС, вон. проф. д-р Марко Андонов и наставникот на Факултетот за странски јазици при УАКС, доц. д-р Ивана Трајаноска-Стафновиќ.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail