Студентите од трета година на Правниот факултет на УГД во рамките на предметната програма на курсот Финансово право под раководство на доцент д-р Кристина Мишева, беа во посета на Македонската берза на хартии од вредност на Р. Македонија.
Студентите имаа едукативна презентација за начинот на работењето на Берзата во Р. Македонија од страна на вториот извршен директор на Македонска Берза, Евита Иванова, а воедно имаа и ретка можност да следат реално тргување со хартии од вредност на официјалниот и реалниот пазар и им беа презентирани новитетите и актуелностите на оваа институција (вмрежување со регионални берзи, виртуелна берза.
Исто така, во рамките на посетата на Берзата, од страна на овластено лице Лујза Томовска од Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија, на студентите им беше презентирано за функциите, овластувањата и начинот на работењето на Комисијата согласно законската регулатива.
Студенти од Правен факултет”