picture1740.png

Феминистичкиот клуб на Универзитетот на Југоисточна Европа со конкретни активности се приклучи на кампањата за подигнување на јавната свест за борба и рано откривање на ракот на дојка, која беше организирани низ целиот свет во текот на октомври.

Првата активност во рамките на оваа иницијатива се одржа во четвртокот (25 октомври 2018 година) во Гостивар, каде што учениците добија поддршка и од општинските власти.

„Во рамките на нашава иницијатива планираме преку информативни точки во Гостивар, Тетово и во Скопје да информираме и да ја подигнеме свеста за опасностите и за борбата против ракот на дојка. Нашата цел е да ја подигнеме свеста за прегледи на населението и да не се избегнува мамографијата“, рече Рита Беадини, член на Феминистичкиот клуб и координаторот на Иницијативата.

Студентите од УЈИЕ, во информативни точки, ги поттикнуваа луѓето да се фотографираат во посветени рамки со порака за подигање на свеста за ракот на дојката, а за да бидат информирани колку што е можно повеќе луѓе, овие фотографии се дистрибуираат на социјалните мрежи.

Феминистичкиот клуб на Универзитетот на Југоисточна Европа функционира во рамките на Студентскиот парламент и асоцијација.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail