Студентите со македонската стартап заедница во поддршка на локалните претприемачи

download.jpg

Започна нов Солвео натпревар. Целта е преку ваквите натпревари студентите-креативци да го издигнат нивото на иновации во компаниите

Инспирирани од својата визија за позитивни промени во општеството и зголемување на можноста студентите во Македонија да ги истакнат своите вештини и таленти на реални проекти, „Солвеовци“ продолжуваат да не изненадуваат со своите натпревари. Нивна цел е преку ваквите натпревари студентите-креативци да го издигнат нивото на иновации во компаниите.

Покрај веќе успешно организирани 4 натпревари, со повеќе од 70 задоволни студенти збогатени со нови знаења од кои 20 имаат веќе добиено понуди за работа/пракса, Солвео се активира повторно со нов натпревар. Овој пат предизвикот е во доменот на стартапи во Македонија!

„Како дел од стартапите во Македонија свесни сме за потешкотиите кои никнуваат на долгите испреплетени патеки до првичниот успех. Но, со помош на студентите како една од најкреативната маса на луѓе во нашето општество сметаме дека добар дел од тие непознати патеки ќе им бидат разоткриени на компаниите кои тукушто започнуваат со реализација на своите идеи. Секако, со наше менторство и пренасочување на тие генијални студентски идеи кои едвај чекаат да бидат слушнати, сметаме дека сме од голема помош во решавање на проблемите“ – истакнуваат Драгана и Иван од Солвео.

Во соработка со „SEEU TECH PARK“ и „Startup Macedonia“, новиот натпревар „Солвео“ го организира со цел да се креира најпрецизната датабаза на македонски стартапи со сопствена дигитална платформа. Оваа платформа ќе биде креирана со цел македонските претприемачи да се поврзат со потенцијални инвеститори.

Со самото учество, студентите го применуваат теоретското во практично со помош на ментори од каде црпат информации за нивни професионални искуства. Со оглед на конкретната ситуација на пазарот на труд во Македонија, ова е одлична можност за студентите да ги претстават своите релевантни вештини и знаења пред идните работодавци и побрзо да стигнат до неопходното практично знаење.

Натпреварот ги поттикнува студентите групирани по тимови со соодветна селекција да го пронајдат најдоброто решение и на крај да освојат парична награда!

Награда за победничкиот тим: 30.000ден

Локација: NextGen Coworking Space (ул. Ленинградска 102г)

Краен рок за пријавување 18.04.17

Поконкретно за натпреварот и како да аплицирате погледнете на следниот линк:
http://www.solveo.co/natprevarisolveo

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail