Студентите страдаат од ментални болести, поради високите долгови

studenti.jpg

Едно ново истражување во Велика Британија покажа дека се поголемите долгови кои ги имаат студентите допринесуваат тие најчесто да страдаат од ментални болести, при што немаат доволно пари за храна. Високите животни трошоци и школарината најчесто се проблемите поради кои студентите се под стрес, а секој седми испитаник при истражувањето на финансиско технолошката компанија „Intelligent Environmentс“, потврдил ккао не стигнува на време да ја плати станарината бидејќи нема доволно пари.

Третина од студентите поточно 39 проценти изјавиле дека не можат да си дозволи доволна количина на храна. Експертите оценуваат дека овие резултати запрепастувачки бидејќи британската влада неодамна одлучи да ги продаде студентските домови.

Дека нешто се случува во Велика Британија покажува и истражувањето на Универзитетот (UCAS), кое покажува дека бројот на пријавени студенти во британските Универзитети се намалил многу повеќе отколку во ЕУ.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail