Студентите започнаа да се вселуваат во реновираните блокови од домот „Гоце Делчев“ (ФОТО)

stuentski.jpg

Cелосно се реконструирани блокот А и блокот Б од студентскиот дом „Гоце Делчев“. Наскоро ќе започне реконструкцијата и на останатите два блока и до крајот на годината се очекува целиот студентски дом да биде завршен.

Од денеска студентите од блоковите В и Г започнаа да се префрлуваат во реновираните блокови со цел да се овозможат услови за отпочнување на градежните активности во нереновираните блокови. Преселувањето ќе се врши етапно и секој ден ќе се вселуваат по два ката од блокот А и за две недели се очекува околу 300 студенти да добијат современи услови за живот.

Неодамна заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски информираше дека реконструкцијата на блокот А е инвестиција вредна околу 1,5 милиони евра, средства со кои е извршена замена на врат­ите, прозорците, под­овите, електричната и водоводната инстал­ација, системот за парно греење, молерис­ување на ѕидовите, нови лиф­тови и комплетно нова опрема во сите соб­и.

3aa

5a2

9a2

Набавката на мебел­ за сите државни студентски домови веќе е во завршна фаза, а во тек е и замена на стариот мебел и во сите ос­танати домови во Ско­пје, по што ќе бидат опфатени и домовите во другите градови.

Станува збор за инв­естиција од 1,5 мили­они евра и таа ќе би­де заокружена во сле­дните два месеци.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail