Студентка од УГД – добитничка на стипендија за престој во Германија

studentka.jpg

Ирина Мазгански, студентка на Kатедрата за германски јазик и книжевност на Филолошки факултет при Универзитет „Гоце Делчев” во Штип е добитничка на германската стипендија од ДААД (Германска агенција за академска размена), која летово на студентката ќе ѝ овозможи едномесечен студиски престој во Германија, поточно на Универзитетот во Аахен.

ДААД-стипендијата нуди можности за студентите од Македонија да го изучуваат и усовршуваат германскиот јазик на некој германски универзитет или институт, но и подобро да се запознаат со германската култура. Програмите опфаќаат одреден број на часови, проектни активности, истражувања, но и екскурзии и посета на знаменитости.

Изучувањето на германскиот јазик во матичната земја претставува голема можност, пред сѐ за студентите на Катедрата за германски јазик и книжевност, како и за сите останати студенти кои имаат желба да стекнат поголеми знаења од областа на германскиот јазик и култура. Аплицирањето се врши секоја година во ноември, а само најдобрите студенти од државата ја добиваат стипендијата.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail