Студентка сподели одличен начин како да пишувате белешки за време на предавање

writing-828911_960_720-743x418.jpg

Постојат два вида на студенти: оние кои запишуваат белешки и они кои немаат ниту молив за време на предавање. Првите секогаш се трудат да запишат белешки за се она што ќе го каже професорот, а често без запишување потешко оди учењето.

Запишувањето на белешки во текот на предавањето може да биде стресно, посебно ако професорот не го интеренсира дали студентот успеал се да запише. Меѓутоа, постои одлична идеја за фаќање на забелешки.

Идејата на социјалните мрежи ја опиша студентката Stephanie McKellop, а таа ќе му помогне на секој студент да запише повеќе информации.

Таа идејата ја соопштила на нејзините колеги од факултет  кои започнале да ја применуваат.

Имено, тие белешките ги запишуваат во еден „Гугл“ документ (Google Doce), а како што запишуваат така во боја ги означуваат местата каде што ништо не разбрале.

Ова е одличен начин за фаќање на забелешки бидејќи останатите колеги веднаш ќе можат да ви помогнат со нивниот коментар околу делот кој не сте го разбрале.

На крајот на семестарот кога се наближува испитната сесија, сите студенти имаат еден документ од кој може да учат.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail