old-woman-reading-3672-pixabay-1.jpg

Foto: Pixabay

Јасмина Шоштариќ Вањак може на своите колеги на факултет да им биде баба. Имено, таа запишала факултет во Хрватска на своите 75 години, а ова веќе и се трети студии.

Без оглед на годините, индексот и е полн со одлични оценки, а во нејзиниот дом владее хаос, односно по подот има многу книги, белешки…

„Кога учам морам така да се организирам. Нема подготовки, вака знам  каде ми се работите. Ако поместим нешто тогаш губам време да го најдам“ вели Јасминка.

Кај неа нема правење на слатки и озборувања со сосетките.

„Јас и претходно планирав, па една пријателка ми кажа дека сум се запишала на факултет за да мојот сопруг за жена има сопруга – студентка, не пензионерка“ вели Јасминка.

Иако нејзиниот сопруг не дава изјави пред камери, тој и е најголема поддршка.

„Не се чудеше. И многу мои колешки не се чудеа бидејќи знаат дека сакам да учам. Значи, јас на 76 години ќе дипломирам и ќе станам магистер по религиски науки“ вели студентката.

По 40 години искуство во лабараторија и по завршение студии,  одлучила дека допрва започнува. Прво запишала додипломски студии, а потоа дипломски студии.

Добива пофалби од колеги, од професори, но и од декани на факултети.

Секое утро Јасминка ќе ја поправи фризурата, ќе се среди и заминува на факултет. Нема време за губење.

„Не можам тоа да го замислам, мислам дека лудо би ги потрошила деновите. Соседите ме викаат на кафе, малку ќе зборувам со нив, малку ќе озборувам. Не знам, не можам тоа да го замислам“ вели студентката.

На факултет мора да оди бидејќи и се последни предавања од факултет. Полесно и е да положи. На факултетот по филозофија и религиски науки ја фалат и професори и декани.

„Кога имавме коликвиуми и испити, таа доаѓаше и полагаше. Така да во овие години може да се биде беспрекорен“ вели професор Иван Копрек, декан на Факултетот за филозофија и религиски науки.

Колку и да е друштвена, таа учи сама во својот стан. Останатото и ја нарушува концентрацијата:

„Можеби е добро со некој да повторуваш, но тогаш ќе видиш дека не знаеш, а тоа не е добро. Јас повторувам на глас, па мачката ме гледа како професор“ вели Јасминка.

Кога ќе заврши, повторно ќе се посвети на своите здруженија, на сите оние каде волонтирала пред да биде студиите.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail