Студентска конференција за енергетска ефикасност и одржлив развој на ФЕИТ

konferencija-FEIT-702x336.jpg

На Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) од 29 октомври до 1 ноември ќе се одржува седмата Студентска конференција „Енергетска ефикасност и одржлив развој – СКЕЕОР 2019“.

Според организаторите, поканата е отворена за сите оние коишто сакаат да ги збогатат своите знаења и да ги поддржат младите кои сакаат да направат промена од областите на конференцијата.

„Научни области на конференцијата се: Обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност, автоматизација и мерење, енергетска ефикасност и одржливост на животна средина, нови технологии и материјали, но и енергетска ефиканост во објекти, градежништво и архитектура“, се вели во најавата за настанот.

За повеќе информации поврзани со СКЕЕОР – тука.

извор: радиомоф

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail