Со мирно гласање и висока излезеност денеска се одржуваат изборите за членови и претедател на Факултетското студентско собрание на Стоматолошкиот факултет.

„Гласавме за нас студентите, за да овозможиме подобри услови и подобри материјали за работа. Сето тоа треба ние сами да се избориме да го постигнеме и сметам дека Факултетското студентско собрание е единствената опција за нивно реализирање“, вели Стефанија Дуковска, студентка од петта година на Стоматолошкиот факултет.

„Изборите почнаа во 10 часот, се е во најдобар ред и има заинтересираност од студентите во сите години. До 12:00 часот излезеноста е околу 35-40%“, изјави за Радио МОФ Николче Здравевски, студент на Стоматолошкиот факултет и член на изборната комисија.

Како што објасни тој, на факултетот се избираат 10 членови и еден претседател за ФСС, а кандидатурите се исполнети за сите места.

Студентски избори на Стоматолошки факултет – ги нема сите студенти на избирачкиот список
26/11/2019 – 13:32#ОБРАЗОВАНИЕИМЛАДИ, ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ
Со мирно гласање и висока излезеност денеска се одржуваат изборите за членови и претедател на Факултетското студентско собрание на Стоматолошкиот факултет.

„Гласавме за нас студентите, за да овозможиме подобри услови и подобри материјали за работа. Сето тоа треба ние сами да се избориме да го постигнеме и сметам дека Факултетското студентско собрание е единствената опција за нивно реализирање“, вели Стефанија Дуковска, студентка од петта година на Стоматолошкиот факултет.

„Изборите почнаа во 10 часот, се е во најдобар ред и има заинтересираност од студентите во сите години. До 12:00 часот излезеноста е околу 35-40%“, изјави за Радио МОФ Николче Здравевски, студент на Стоматолошкиот факултет и член на изборната комисија.

Како што објасни тој, на факултетот се избираат 10 членови и еден претседател за ФСС, а кандидатурите се исполнети за сите места.

Младински образовен форум (МОФ) годинава е набљудувач на студентските избори. Организацијата на секој факултет ќе има поставено два набљудувачи чија задача е да евидентитраат било какви нерегуларности и прекршувања на правата за гласање на избирачките места.

„Изборите почнаа навремено, комисијата е во полн состав и исполнети се сите услови за непречено гласање. Воглавно се е во најдобар ред, со исклучок на неколку недостатоци“, изјави Милена Јаневска, член на набљудувачкиот тим на изборите на Стоматолошкиот факултет.

Како што објаснува Јаневска, на дел од студентите им било дозволено да гласаат со возачка дозвола и лична карта, иако во одлуката е наведено дека се гласа само со индекс или легитимациска картичка. Покрај тоа неколку студенти недостигале на избирачкиот список, но сепак гласале откако комисијата дополнително ги додала на списокот.

Изборите за Факултетски собранија започнаа минатата недела, а ќе траат до крајот на идниот месец. До тогаш се очекува сите 23 факултети на УКИМ да ги формираат своите Факултетски студентски собранија.

Следни на листата се Факултетите за музичка уметност и за физичко образование чии избори се одржуваат утре, на 27ми ноември, во просториите на факултетите.

извор: радиомоф

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail